Ова е одличен момент за да се заблагодарам на ХолиХеј и целата екипа што го направивте нашето дружење како тим незаборавно. Сè беше одлично, вклучувајќи го и претходното планирање и изборот за готвење со Бранко беше фантастичен со сите организациски детали. Целата наша група си помина прекрасно, не зближи како тим и денес денес зборуваме и се смееме на анегдотите од тој ден. Тимот на ХолиХеј документираше одлични слики и видеа кои ни останаа за спомен во нашата архива.
Идејата да соработуваме со Холијеј дојде спонтано, по препорака на задоволен пријател кој претходно летувал со оваа агенција иако нашата потреба во моментаот беше организација на тим билдинг. Јас велам, кога има добра комуникација се е полесно, треба да имаш некој по ден кој ти е достапен, кој има уво за вашите барања ( што во случајот беа барање од поголема група на луѓе) и креативна организација во поглед услогласување на можностите со индивидуалните желби. Си поминавме одлично и си заминавме дома одморени и со изненадување од агенцијата кои само го надополнија комплетниот впечаток за професионално завршена работа.
Со тимот на ХолиЈеј травел соработуваме веќе 2 години во кои имавме неколку успешни заеднички домашни и интернационални проекти. Тие се грижат за сите патувања надвор од земјата за сите наши членови и тие се најчесто виновни за нашите тимски активности и организација на настани за сите наши вработени. Топла препорака за нив, професионалци во секој поглед.
После 10 години прво патување преку Агенција ни беше со Холи во Барселона. Не се агенција, фамилија се, имаш чувство дека си со цело друштво отиден некаде. Ние сме тазе скијачи, благодарение на нив и фамилијарните зимување кои ги организираат, со програма за нас, аниматори, наставници за децата и активности за целиот ден. ХолиЈеј ни помогна и во организацијата на фит - ритрит во Грција за нашите членови, искуство кое до денес го раскажуваме. Топла препорака за секого, дали индовидуално или како компанија, секогаш ќе ви излезат во пресрет со голема професионалност и чесен пристап.
Тимот на КомТрејд во Октомври 2023 беше на службено патување и тим билдинг во Котор и Будва организирано целосно од Холијеј травел. Целиот настан беше организиран на високо ниво, али што не изненади е посветеноста и респонсивноста на тимот во процесот на создавање на понудата и реализирање на сите наши барања и потреби кои беа не така едноставни. Бевме тим од 30тина и секој од нив имаше прекрасно искуство на ова паутвање. Топла препорака за соработка. ХолиЈеј е агенција од доверба со екстра професионален тим.
Апсолутно сум воодушевена од организацијата на нашиот неодамнешен настан за Tim - Building event! Сè што се договоривме беше исполнето и можам со сигурност да кажам дека ги надмина нашите очекувања. Автобусите беа удобни, нови и чисти. Хотелот обезбеди пространи соби и вкусна храна. Организацијата на активностите беше извонредна - забавна и беспрекорна за 400 луѓе. Вечерните забави имаа фантастична атмосфера, Марко и неговиот тим беа на располагање во секое време, што направи голема разлика. Ви благодариме за прекрасното искуство! Беше неверојатно да се видат нашите колеги како уживаат во новите пријателства, што доведе до смеа и споделени моменти на радост 🎉. Ви благодариме за незаборавните спомени.
Имавме одличен Tim Building благодарение на професионалниот и внимателен тим на Holiyay. Разновидноста на активностите што ги планираа ги одржаа сите ангажирани и енергични. Целиот настан течеше непречено, а персоналот беше на лице место за да се погрижи се да се одвива според планот. Силно Ви го препорачувам Holiyay Travel!
Тимот отиде над и подалеку за да се погрижи секој детал од нашето патување да биде обработен со професионализам и грижа - и морам да истакнам дека бевме над 400 луѓе. Без разлика на барањето, од специјални сместувања до промени во последен момент, тие брзо ни помогнаа и направија да се чувствуваме навистина ценети како клиенти. Одлично искуство во целина!
Предраг е одличен туристички водич! Неговата посветеност на работата е неверојатна. За време на патувањето во Португалија, тој се обиде да ги задоволи потребите на сите, да помогне и да им даде препораки на сите патници!
Дејан и Билјана беа одлични водичи и организатори на нашето патување во Париз, Франција. Бевме импресионирани од нивната посветеност да ги слушнат и реализираат барањата и желбите на секој член на групата. Топла препорака за следните патувања организирани од Holiyay Travel.